Спорт, наместо насилство во училиштата

 

Спорт, наместо насилство во училиштата. Крајниот исток вклучен во голем европски проект 

By Телевизија Стар

July 15, 2016 

LINK :  

http://televizijastar.com/2016/07/15/%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82-%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BB%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D1%83%D1%87%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%82/ 

 

Малешавијата и Пијанец се вклучија во борбата против насилството во училиштата преку спортот, но и во борбата против светската епидемија на неактивност. Како дел од проектот Спорт за сите“ преку Еразмус плус програмата на ЕУ, координиран од Бугарската федерација за деца лишени од родителска грижа и НВО Балканија, во Пехчево и Берово  се говореше за спортот како алатка значајна за подигање на јавната свест во сите општествени структури:                                                                                                             

„Сакаме да го доближиме спортот до сите, започнувајќи од најмалите па се до пензионерите“ , вели Владо Србиновски НВО Балканија. Придобивките од спортот  носат и економски бенефит, бидејќи спортот оди рака под рака со развојот на туризмот: „Го избравме овој регион според, бидејќи малешевијата е регион со најдобри предиспозиции“, кажа Владо Србиновски, НВО Балканија. Паметните партнерства во спортот се вредна алатка за решавање многу девијации:                                                         

„Гледаме можност со иницијативата за отворање спортски клубови во училиштата кој има таргет до 2016 да се вклучат 90 илјади ученици од средните и основните училишта или 30% од учениците тука да се вклучи и едукатовниот карактер на спортот“ , изјави Емир Слезовиќ- “Sumer work and travel Alumni Macedonia”.                                                                    

„Во овој проект се вклучени многу организации и претставници од многу европски држави и сакаме да опфатиме  директори , на градинки и на училишта, тренери, наставници,  преку обуки и размена на искуства, да бидат обучени да се справат преку спортот со сите деца и првото нешто што се акцентира е да се сопре насилството во училиштата преку спортот, бидејќи спортот е за сите нас“ , рече Кире Георгиев, Бугарска спортска федерација за  деца лишиени од родителска грижа. Проектот ќе се спроведува една и половина година, а освен во Македонија, активности ќе се спроведуваат и во Бугарија, Шпанија Португалија Унгарија, Романија Грција и Турција.